Ковачевски – Нехамер: Партнерскиот однос и поддршката од Австрија се важни за позиционирање на Северна Македонија во ЕУ

Австрија има долга традиција на градење мостови на западен Балкан. Имаме тесна и добра соравотка не само во економската сфера, туки и во однос на безбедноста. Благодарен сум на Северна Македонија што прави толку ногу за заштите на своите граници и во справувањето со миграцијата. Сега има силна соработка и со ФРОНТЕКС. македонија е добар партнер за Австрија затпа што чини многу за запошнување на преговорите за пристапување во ЕУ. Премиерот придонесе многу за решавање на тешката ситуација со Бугарија. Го почитувам она што е постигнато од Северна македонија. Австрија и натаму ќе биде на страната на Северна Македонија, ние сме пријатели посветени на заедничка работа. Посебен интерес на Австрија е ЗБ да не ја изгуби песпрективата за пристапување во ЕУ, за тоа што луѓето во регионот гледааат дека Австрија има голем интерес за развој на овие земји за нивна поддршка. за овој стартешки регион се заинтересирани и Русија, Кина и многу други и токму затоа сметам дека е важно и должност на ЕУ да биде присутна во регионот и да дава поддршка. Австрија останува силен поддржувач процесот на пристапување навистина да почне и да се заврши со членство во ЕУ

Помеѓу Скопје и Виена нема отворени прашања, Австрија е најголемиот инвеститор во Северна Македонија, а австриските заложби за евроинтеграцискиот процес на државава се евидентни, кажа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Виена по средбата со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Во обраќањето, Ковачевски посочи дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во земјава, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година, 50 австриски компании се присутни на пазарот во повеќе области.

– Како држави имаме и широка секторска соработка, без никакви отворени прашања помеѓу нас. Австрија е наш долгогодишен партнер во ОН и ОБСЕ, но пред сè, Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Северна Македонија, и на земјите од Западниот Балкан. Денешната средба е уште една во низата разговори од нашиот активен политички дијалог во текот на минатата и оваа година. Пред само неколку недели, во Скопје имав чест да остварам средба и со претседателот на Австрија Ван дер Белен за време на неговата официјална посета на Северна Македонија. Дозволете и јавно да го повторам она што му го кажав на канцеларот на средбата која што ја имавме пред малку, а тоа е дека Австрија ужива голем углед во Северна Македонија, не само поради нејзиното длабоко разбирање за нашиот регион или нејзината цврста поддршка на нашиот пат кон ЕУ, туку и поради нејзиното силно и континуирано економско присуство во нашата земја Австрија е најголемиот странски инвеститор во Северна Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година, рече премиерот.

Ковачевски смета дека има можности за подобрување на меѓусебната трговска размена, посебно преку зголемување на македонскиот извоз во Австрија, потенцирајќи ги земјоделските производи, органското производство. Тој се осврна и на помошта на Австрија во справување со бегалската и мигрантската криза на јужната граница. И двајцата се согласија дека миграцијата е заеднички предизвик за европските земји.

Канцеларот Нехамер се заблагодари на заложбите на Северна Македонија во презмеањето мерки за спречување на нелегални преминувања. И премиерот Ковачевски кажа дека државава континуирано презема безбедносни мерки за справување со овие предизвици, вклучувајќи и како земја членка на НАТО и како земја која што преговара со ЕУ, и како земја претседавач со ОБСЕ. Тој се соврна на помошта која македонската полиција ја доби од Австрија, во возилата и опрема за ноќна гранична заштита.

– Затоа сакам и јавно да изразам благодарност за поддршката од страна на Владата на Австрија, но и лично до австриските полицајци во процесот на поуспешен надзор и контрола на илегалните обиди за премини на границата помеѓу Северна Македонија и Грција играа многу важна улога. Во периодот јануари – март оваа година, спречени се околу две илјади обиди за илегални преминувања за влез во Северна Македонија, кажа Ковачевски.

Тој посочи дека соработката продолжува преку механизмот ФРОНТЕКС за кој минатата година беше потпишан договор, а денеска почна и практичната имплементација. Оценувајќи го како значаен, бидејќи е потпишан на македонски јазик, без  додавки и фусноти, потврдувајќи ги заложбите за заштита и промоција на македонскиот идентитет, Ковачевски нагласи дека Австрија имала значајна улога како пријател на земјава. Тој нагласи дека во рамките на ФРОНТЕКС ќе се користат и дронови кои го потврдуваат пријателството со Австрија.

– Со канцеларот денеска разговаравме за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Ја изразив нашата благодарност до Австрија, која е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Северна Македонија, но и воопшто за перспективата за членство во ЕУ на целиот Западен Балкан. По бројните предизвици на патот за полноправно членство во ЕУ, минатата година, со активна поддршка на Австрија, со активна поддршка на канцеларот, со активна поддршка на неговите министри ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ. Пред нас се следни чекори кои ќе ја одредат натамошната насока и брзина на движење на тој пат, рече премиерот.

Во изјавата потенцираше дека Владата ќе продолжи да работи на исполнување на стратешките цели, подобрување во односите со соседите во добрососедската политика, реформската агенда внатре во земјата, која е од интерес за граѓаните.