Ковачевски: Поддршка од премиерот Џастин Трудо во понатамошните чекори во евроинтеграциите

Имаме јасна поддршка од премиерот Џастин Трудо и од Канада за натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во НАТО, со очекување дека Северна Македонија ќе го задржи правецот по којшто се развива.

За ова зборувавме на денешната средба со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако, на којшто му пренесов голема благодарност за огромната и пријателска поддршка.

Канада е земја на толеранција, признавање на различностите и почит кон сите луѓе, што нѐ прави уште поблиски како држави, иако сме на географска оддалеченост.