Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека во следните четири години земјата може да стане дел од ЕУ доколку избере европска влада.
„СДСМ има јасна визија за земјата како земја членка на Европската Унија и ние имаме јасен план како тоа да го направиме. Ние сме партијата што обезбедивме статус на кандидат за членство во ЕУ, а членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ го обезбедивме по 17 години чекање“, изјави Димитар Ковачевски за „Слободен печат“.
Ковачевски смета дека во следните четири години СДСМ со проевропска влада ќе обезбеди членство во ЕУ.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив се слушаат нивните изјави каде велат дека не треба да се приклучуваме сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека тие ја продолжуваат политиката на Никола Груевски, нивниот поранешен претседател, бидејќи тоа се истите позиции што ги слушавме во тоа време. Со нив Македонија ќе се врати во чекалните и во темното минато на недемократските процеси“, додаде тој.