Премиерот Димитар Ковачевски во саботата на Минхенската безбедносна конференција учествуваше на затворена панел дискусија за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
На панелот регионалните лидери заедно со високи претставници, претставници на невладини организации и членови на академската заедница разговараа за предизвиците и можностите на евроинтегративниот пат, се вели во соопштението од Владата.