Кога девојчето ќе наполни 15 години, мајката ѝ трга два заба, ѝ ја сечи усната за да ѝ вметне чинија: Трагедијата на жените Мурси
Племето Мурси има навистина убави жени но, за жал тие немаат среќна судбина.
Во долината на реката Омо во Етиопија живеат неколку племиња, од кои највпечатлива е заедницата „Мурси“, која живее во близина на границата со Судан. Нивните костими се исклучително богати и разновидни, а жените од ова племе се посебни – носат многу необичен додаток.
Имено, сите жени од Мурси носат чинии во устата, а самиот процес на ставање на предметот во усната шуплина е речиси незамислив. На многу луѓе им е тешко да поверуваат дека тоа всушност се прави некаде во светот.
Потеклото на овој бизарен обичај сè уште е нејасно
Се верува дека жените намерно се осакатувале за да избегаат од ропството во време кога ,,ловците” на робови пустошеле во Африка. Сепак, постојат две други теории.
Според едната, популарно е мислењето дека Мурсиите веруваат дека злите духови влегуваат преку устата, па користат чинија за да се одбранат од нив. Од друга страна, се претпоставува дека тие чинијата ја сметале за мираз.
Како се вметнува тањирот?
На девојчињата на возраст од 15 до 16 години, нивните мајки им ги сечат усните и им ги тргаат двата предни заба на долната вилица, за да можат да стават мала чинија, обично глина или дрво.
Вообичаено, прво се започнува со помали чинии, а потоа се менува големината по одредено време, доколку девојката е подготвена да трпи уште поголема болка при дополнително проширување на усните.
Во денешно време обичајот стана малку поинаков. Бидејќи на жените им е многу заморно постојано да ја носат чинијата во уста, ја ставаат само кога има племенски прослави.
ГАЛЕРИЈА