КОГА ЖИВОТОТ ЌЕ ВИ СЕ ПРОМЕНИ ПРЕКУ НОЌ – На УС Опен заминала со само 53 евра в џеб, го освојува големиот турнир, а неколку месеци подоцна гради кариера вредна милиони – која е Ема Радукану ?
Откако сензационално го освои УС Опен во 2021 година, нејзиниот живот целосно се промени.
Младата британска тенисерка Ема Радукану ја шокираше светската тениска јавност кога успеа да го освои трофејот како квалификант на УС Опен.
Таа заминала во Њујорк како 150 рангирана на ВТА листата, ги помина квалификациите и потоа го освои својот прв Грен Слем во кариерата без загубен сет.
Пред почетокот на УС Опен, оваа симпатична тинејџерка имала само 53 евра на сметката, а потоа, шест месеци подоцна, нејзиното богатство изнесувало околу 14,5 милиони европски банкноти, пишуваше тогаш Daily Mail.
Таа од Њујорк се врати со титула и парична награда од два милиони евра, а нејзиниот неверојатен успех веднаш ја издигна до ѕвездите. Следеа богати спонзорски договори како на лента, таа стана заштитно лице на Nike, Dior, Tiffany, Evian, Wilson, Porsche, Vodafone и British Airways.
Интересно е што Ема Радукану пред да ја освои првата Грен Слем титула ја основала компанијата Harbor 6 Limited во 2020 година и врз основа на финансискиот извештај било откриено дека на сметката имала 55.682 фунти и долг кон доверителите кој изнесувал 54.883 фунти. Уште 730 фунти биле одбиени како „резерва за бонуси“, па по сите уплати таа била само 44 фунти вишок, што е околу 53 евра.
„Сметките покажуваат колку стрмен бил нејзиниот подем. Од едвај заработувачка до освојување на 1,8 милиони фунти на УС Опен, а потоа потпишување договори со големи компании“, пишува Daily Mail.
Ема Радукану немаше значајни резултати по успехот на УС Опен и многу критичари сметаат дека причината е што е презафатена со работи кои немаат врска со тенисот.
„На вести, само гледате како го потпишувам овој или оној договор, и тренирам по пет или шест часа дневно, во клубот сум по 12 часа секој ден. Вежбам и одеднаш приказните почнуваат да кажуваат дека не сум фокусирана на тенисот. Мислам дека тоа е неправедно, но научив да се справувам со тие работи“, изјави неодамна Ема Радукану.