КОГА ЗАПОЧНУВА ЛЕТНОТО ВРЕМЕ? Наскоро ќе спиеме еден час помалку

Летното сметање на времето во 2024 година започнува ноќта помеѓу 30 и 31 март, кога ќе спиеме еден час пократко. Стрелките на часовникот тогаш ќе се поместат од 2:00 на 3:00 часот.

Промената на времето во Македонија, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината- последниот викенд во март се префрламе на летно сметање на времето, додека последниот викенд во октомври започнува зимското сметање на времето.

Новозеландскиот ентомолог Џорџ Вернон Хадсон е одговорен за движење на стрелките на часовникот. Врз основа на неговото истражување за адаптација на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека човекот подобро живее преку ден отколку навечер.

Летното сметање на времето во поранешна СФРЈ е воведено на 27 март 1983 година, согласно одлуката на ЕУ, пред се заради очекуваниот економски бенефит, подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија.