Ако сте решиле да се храните здраво, тоа не значи дека ќе треба да поминувате повеќе време во кујната. Се разбира, на некои јадења им треба подолго време за готвење и подготовка, но има безброј рецепти за брза и здрава храна. Денес ви споделуваме еден од нив.
Потребни состојки:
- 1 голема интегрална тортилја
- 30 грама рукола
- 2 супени лажици пченка
- 1/2 црвена пиперка
- 2 супени лажици хумус
- 2 варени јајца
- 1/4 авокадо, исечкано на коцки
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја тортилјата на тава.
2. Намачкајте ја тортилјата со хумус.
3. Додадете го зеленчукот, авокадото и исечканите варени јајца.
4. Завиткајте и декорирајте со салата. На здравје!