Кога сексот е пократок од толку минути, вие сте во голема неволја!

Кога е време да посетите лекар за сексуални односи?

Сексуалниот однос во просек трае околу седум минути, потврдија неодамнешните студии, а сексологот д-р Хари Фиш, експерт за третман на машки сексуални проблеми, тврди дека дури и седум минути е претерување.


Во истражувањето за неговата книга „The Naked Truth – Ultimate Sex Education for Adults“, тој открил дека дури 43 отсто од паровите во просек не водат љубов повеќе од две минути, пишува Australian Star Observer.

Како главни „виновници“ за тоа тој ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута.


Повеќе од 90 проценти од жените не можат да доживеат оргазам во рок од две минути

– Повеќе од 90 проценти од жените не можат да доживеат оргазам во рок од две минути, па нивното задоволство во таквиот секс дефинитивно е ускратено. Има големи варијации меѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има значително повеќе луѓе чии страсни сеанси се многу кратки – оценува д-р Фиш.

Кога на лекар

Тој додава дека мажите кои не можат да го одложат оргазмот по две минути секс, како и оние кои не успеваат да го доживеат и по 40 минути, треба да одат на лекар „бидејќи таквите проблеми можат да се ублажат“.