Предавството може да предизвика голема болка, особено ако сме го доживеале од некој многу близок. Најчесто тоа е личност за која не сме можеле ни да замислиме дека ќе ни направи такво нешто. После изневерувањето, најлоша емоција што човек може да ја почувствува е беспомошноста! Токму оваа емоција може да доведе до непријатни ситуации, а првото нешто што им паѓа на ум на повеќето луѓе е одмаздата.
Сепак, познавачите на човечката психа истакнуваат дека никогаш не треба да бидеме одмаздољубиви, без разлика колку некој нè повредил.
Во дневникот на Лав Толстој, беше пронајден мудар запис за тоа како да се справите со незадоволството.
„Вечерва размислував за тој стар троен рецепт против тага и огорченост:
- Размислете колку ќе биде неважно за 10, 20 години, како она што ве мачеше пред 10, 20 години кое сега стана неважно;
- Запомнете што сте направиле сами, запомнете ги работите што се подобри од оние што ве вознемируваат.
- Помислете сто пати на најлошото нешто што може да се случи. “
Следниот пат кога ќе бидете лути, тажни, разочарани или огорчени, запомнете ги овие три работи што Лав Тојлстој ни ги остави како наследство.