На таткото на Вања, затворениците животот му го направиле пекол: Осомничените се држат во дел од зградата во која не можат да влезат ниту сите чувари!?

Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14) се соочија со остар револт кај останатите притвореници во затворот Шутка во Скопје.

Секогаш кога ќе ги извадат и вратат во Шутка затворениците ги гледаат низ прозорците, а потоа им довикуваат, удираат по решетки, ги навредуваат…

Директорот на затворот Филип Андов ниту ги потврди ниту ги демантираше наводите. Андов само посочува дека безбедносната состојба е под контрола и нагласува дека пристапот до четворицата осомничени е ограничен.

– Тие се одвоени од другите притвореници и затвореници. Не сите затворски службеници имаат пристап до тие простории. Влегувате со посебни картички кои ги држат одредени чувари. Тие се контролираат постојано, имајќи го предвид степенот на криминал и согласно протоколот и законите – вели Андов.

Уапсените и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство.

Тројца од четворицата осомничени кои се во затвор ја признаа својата вина и своите улоги. Како организатор и извршител на грозоморниот чин го посочија и Љупчо Палевски.

Единствениот меѓу нив, кој не ја призна вината или поврзаноста со ниту еден од останатите осомничени, е таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кој тврди дека не познава ниту еден од нив и дека не го открил патот на движењето на неговата ќерка.

Ѓорѓевски е донесен на рочиштето каде му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Да потсетиме, донесен е во затворски комбинезон а на видеото се гледа дека во затворот е и ќелав.