Тања Савиќ се мажи! Вљубениот пар закажа свадба, пејачката го покажа вереничкиот прстен (ФОТО)

Тања Савиќ веќе некое време ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Бешиќ. Двајцата се верија, а сега, судејќи по видеото кое се појави на социјалните мрежи, закажаа и свадба.

-Тања, многу ти е убав тој прстен – и’ рекла пријателката додека ја снимала.

– Дали сјае – праша пејачката.

– О, сјае како Лас Вегас. Од кого го добивте, ох, тука е овој господин.

Па, ајде да наздравиме бидејќи ја закажавме свадбата. Сè ште нема да го откриеме датумот! На здравје – одговори тој.

Инаку, Мухамед е родум од Бјелина, а живеел во Германија и Белгија, а сега живее и работи во Америка. Иако нивната врска беше откриена на почетокот на годината, пејачката дури неодамна го потврди тоа. Таа се огласи на мрежите и изјави колку е среќна.

– Дали некогаш сте застанале и сте помислиле: „Леле, се молев за ова, а сега е тука и ми се случува“ – изјави Тања на Инстаграм, која се уште официјално не сe развела од сопругот Душан Јованчевиќ.

Mухамед ја запроси Савиќ на романтична вечера во Египет, а парот планира да се венча по разводот на Тања со Душан Јованчевиќ и заедно да се преселат во Америка, објавија локалните медиуми.