Ореви – здрава ужина за нашето здравје

Оревите се богати со антиоксиданси, здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Се препорачува да се јадат сирови, без преработка, за да не ја загубат ефикасноста. Додавањето ореви во вашата секојдневна исхрана може да биде исклучително корисно, особено ако ги користите како замена за помалку хранлива храна.

Оревите ги исполнуваат критериумите за „здрава храна за срце“. Тие се ниски со натриум, заситени масти и трансмасти и содржат најмалку 10% од препорачаната дневна вредност на витамини А и Ц, железо, калциум, протеини или диетални влакна.

Бројни истражувања покажале дека консумирањето ореви може значајно да го намали стареењето. Оревите се одлична ужина за нашето здравје, а пред сè имаат одлично дејство на мозокот и меморијата.