ФОТО | Ја доби наградата за играч на натпреварот, но целиот свет му се исмеа: Кристијано Роналдо го ‘уништуваат’ на социјалните мрежи – погледнете ги овие хит реакции!

Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во финалето на Купот на арапските клупски шампиони, откако во полуфиналето го совладаа Ал Шорту со резултат од 1:0.

Јунак на триумфот беше прославениот португалски ас Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот гол.

Апсолутно заслужено Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот, а по натпреварот му беше врачен трофеј поради кој брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Имено, трофејот што го доби Португалецот неодоливо потсетува на трофејот на Светското првенство, па не им требаше многу време на обожавателите на Лионел Меси да почнат да се потсмеваат со Кристијано Роналдо.

Инаку, Ал Наср ќе игра во големото финале на Купот на арапските шампиони против Ал Хилал.