Кожената јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција – цената е вистинска „ситница“

Кожна јакна што ја носеше американскиот пејач Мајкл Џексон во 1980-тите е продадена за 306.000 долари на аукција во Лондон.

Џексон носеше црно-бела кожна јакна во реклама за Пепси во 1984 година, прва од серијата реклами што ги сними за компанијата. Повеќе од 200 предмети, вклучувајќи ја и јакната на британскиот пејач Џорџ Мајкл, беа продадени на аукција во петокот во Лондон, објави ББ.

Рекламите на Џексон за Пепси најмногу се паметат по инцидентот кога му се запали косата за време на снимање и пејачот се здоби со сериозни изгореници.