ФОТО | Кошмар на еден стилист: Дури три жени се појавиле на црвениот тепих во ист фустан

Првата вечер на филмскиот фестивал во Венеција помина во знак на еден фустан, а за тоа се погрижија три дами кои на црвениот тепих се појавија во ист модел на фустан, со што го остварија кошмарот на секој стилист.

Фустан од 5.000 евра 

Хит фустанот потпишан од модната куќа Сен Лоран чини 5.000 евра и е дел од колекцијата пред есента за 2023 година. Долгиот црн фустан доаѓа со деколте на срце и обвиени ракави над лактите кои се поврзани со горниот дел. 

За овој драматичен изглед се одлучија италијанската претприемачка Кристина Фогаци, шпанската актерка Милена Смит и мистериозна гостинка, а секоја од дамите го стилизираше на свој начин.