Кожен фустан и чизми до бутовите: Шакира прошета во VAMP EDITION и никој не го тргаше погледот од колумбиската ѕвезда (фото)
Оваа среда во Мајами, по повод латиноамериканската музичка недела на Билборд, Шакира ги воодушеви сите присутни со својата модна комбинација.
На сцената, за време на интервјуто, таа зборуваше за својата бурна кариера, за нејзината инспирација и за преселбата од Барселона во САД. Колумбиската ѕвезда изгледаше многу убаво благодарение на нејзината беспрекорна кожа и црниот кожен мини фустан што го носеше. Носеше и високи кожени чизми кои достигнуваа сè до нејзините бутини. Кожниот дизајн вклучуваше дебел појас околу половината за да ја истакне нејзината фигура.
Таа имаше еднпстравна фризура а прамените во боја на карамела ѝ паѓаа на рамениците и го врамија нејзиното беспрекорно нашминкано лице.
За време на настанот Шакира зборуваше за својата долга кариера и за нејзините инспирации. Таа се пошегува дека во моментот е „многу креативна“, а понекогаш мора да ја „влечат“ во студио за да сними нова песна, пишува Дејли Мејл.