КОИ СЕ НАЈБАРАНИТЕ ПРОФЕСИИ СПОРЕД ПРОЦЕНКАТА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА? Овие работни места ви гарантираат ТОП ЗАРАБОТКА

Вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер безбедноста се сè повеќе барани, според најновиот извештај на LinkedIn за изгледите на пазарот на труд за 2024 година.

Пазарот на трудот претрпува брза трансформација во Европа, а конкуренцијата за работни места е двојно зголемена во изминатата година. Се појавуваат нови позиции кои не постоеле во последните 20 години , покажа истражувањето на LinkedIn.

Кога станува збор за годината што претстои, најбрзо растечките позиции се поврзани со одржливост, вештачка интелигенција и развој на бизнисот, предвидува оваа платформа, специјализирана за регрутирањ

LinkedIn го спроведе истражувањето испитувајќи милиони работни места започнати од нејзините членови помеѓу 1 јануари 2019 година и 31 јули 2023 година, за да ги пресмета стапките на раст за секоја позиција.

Тоа покажа дека две третини (67 проценти) од професионалците во Европа размислуваат за промена на работното место оваа година, иако на пазарот има се поголема конкуренција.

Во 2022 година, имаше само една отворена позиција за околу секои две лица кои активно аплицираа во ОК и Франција на LinkedIn, а сега има една отворена позиција за просечни четворица апликанти.

Триесет и седум отсто од европските професионалци велат дека се стремат кон повисоки плати за да се соочат со кризата на зголемените трошоци, додека 19 отсто истакнуваат дека имаат поголема самодоверба и сакаат да најдат нови улоги за напредување во кариерата.

КОИ РАБОТНИ МЕСТА СЕ БАРААТ?

Најбрзо растечките работни места во Европа варираат во зависност од земја, но вообичаениот тренд покажува дека вештачката интелигенција (ВИ), одржливоста и сајбер безбедноста се растечки области додека компаниите се борат да бидат во чекор со овие трендови кои влијаат на економијата.

Некои од бараните позиции се: Менаџер за одржливост, инженер за вештачка интелигенција и аналитичар за сајбер безбедност.

 Како што влегуваме во 2024 година, јасно е дека вештачката интелигенција и одржливоста се двата главни фактори кои го преобликуваат пазарот на труд и дека работодавачите се повеќе се обидуваат да најдат работници со потребните вештини за ова – рече директорот за Европа и Латинска Америка во LinkedIn – во Џош Граф и додаде: Работните места во овие области вклучуваат некои од најбрзо растечките позиции во Европа.

Кога станува збор за работните места во ОК, петте најбарани позиции се: менаџер за одржливост, претставник за развој на продажба, аналитичар за осигурување (лице кое проценува поединци и бизниси за да го одреди нивото на ризик), главен директор за приходи и стоматолошки терапевт.

Како да ги усогласите вештините со позициите во променливиот свет на работа?

Извештајот, исто така, укажува дека многу професионалци имаат проблем да најдат формула за тоа како да ги усогласат своите вештини со отворените позиции, имајќи предвид дека промените се случуваат толку брзо.

Згора на тоа, 55% од менаџерите за вработување низ Европа веруваат дека нивните компании немаат квалификувани кандидати затоа што немаат традиционални квалификации .

ВИ

„Многу од овие работни места не постоеја ни пред 20 години, и бидејќи пазарот продолжува брзо да се менува, приспособливоста мора да биде приоритет за деловните лидери “, рече Граф.

Иницијативите за учење и развој честопати се сметаа за добредојдени, но сега за да се привлечат и задржат талентите , но и да се осигура дека работната сила навистина ги има потребните вештини во променливиот свет на работа, иницијативите за подобрување и промена на вештините и знаењето ќе бидат клучни.