„КОЈ ТЕБЕ СО ЕДИНИЦА, ТИ НЕГО СО КУРШУМ“ Ведрана Рудан надвор од себе поради крвавиот масакр и страдањето на невините: Има ли надеж за нас?

Писателката Ведрана Рудан на свој начин го коментираше трагичниот масакр во основното училиште во Врачар , кога К.К уби осум врсници и еден училишен чувар.

Дека трагедијата што ја снајде Србија, кога малолетно момче стана масовен, ладнокрвен убиец, ја погоди целата јавност на Балканот, доказ се бројните објави, како од познати јавни личности, така и од анонимни. Сите ги изразија своите ставови и имаат „објаснување“ за сето ова што се случува, но и „решение“ за спречување на сите идни, потенцијално слични сценарија.

Ведрана Рудан во еден од своите блог постови се осврна токму на оваа тема и на свој уникатен и оригинален начин го погледна и резимираше споменатиот трагичен настан, кој поновата историја не го познава. Сè досега.

Живееме во свет исполнет со омраза. Луѓе, каде и да сте, Америка не е единствената, таа негува омраза како што се одгледува нежно растение. Внимателно, посветено, од ден на ден, од година во година. Ние постоиме како луѓе само ако имаме непријател и ако ги вложиме сите сили во негово истребување. Кој е нашиот непријател? На Хрватите, Србите, на Србите, Хрватите, на Украинците, Русите, на Русите Западот… За белците, црнците, за црнците, белците, за Евреите, Палестинците, за Палестинците, Евреите… Секој е непријател на сите, победник е оној кој е подобро вооружен. Момчето од Белград го доживеа животот како војна. Кога имал дванаесет, да се надеваме дека медиумите не лажат, татко му го однел на стрелиште, му ставил оружје во рацете, му покажал мета и го научил да пука. Во срцето или главата на хартиениот човек. Ако нацртаниот лик имал доволно куршуми во главата или срцето, таткото го пофалил момчето. Животот убива, посилниот победува, неправдата се лечи со смртта на ближниот. Кој тебе со единица, ти него со куршум. Наставникот е непријател, децата околу вас се непријатели, чуварот на влезот во училиштето е непријател, зошто да ги оставите да живеат кога имате два пиштоли „во сефот под шифра“? Дали е проблем да се знае кодот кога ти и татко ти бевте воени пријатели од својата дванаесетта година? Другарите се на иста страна, делат се заедно, зошто да не и шифра, пишува Ведрана Рудан и додаде:

Таткото на момчето убиец е „угледен лекар“, односно човек кој спасува животи, човек кој не убива. Тогаш зошто пиштоли, пукање во цели, ставање оружје во рацете на дете? Пораката е јасна, не може да биде појасна, кога сте во неволја пукајте. Детето беше во неволја, пукаше, ги погоди планираните цели, бидејќи за тоа беше тренирано. Ајде да погледнеме наоколу, да погледнеме внатре. Ние сме исполнети со омраза и потреба да го тргнеме погледот кога ќе го видиме тоа кај нашето дете. Навивачите со стапови во рака што тепаат „непријатели“ се „наши деца“, честопати и „херои“, на силувачите им се простува, во Хрватска, затоа што биле воини, затоа и убијци, учителките ги гледаме како криминалци кога и да му дадат оценка пониска на нашето дете од онаа што ние би им ја дале. Убиецот, на возраст од мојата внука, немаше многу избор кога се соочи со крвожедниот свет во кој живееше. Гледаме дека се може да се реши со оружје, дека преку ноќ може да се стане „брза вест“ и херој на нашето време во перцепцијата на оние кои ќе го следат примерот на момчето од Белград. Да не се залажуваме. Ова е почеток. Сосема е лудо да се очекува медиумите да продолжат да пишуваат за оваа грозоморна тема на минимум, како што правеа Норвежаните кога минуваа низ истиот пекол. Ние не сме Норвежани. Триесет години по крвавата војна, ние сме во крвава војна, нашите „угледни лекари“ се вооружени до заби, како се вооружуваат „неугледните“, „обичните“ луѓе кои се исполнети со исто толку омраза? Утеха за родителите на убиените деца нема, ниту ќе има некогаш. Има ли надеж за нас кои уште не сме удрени од раката на Злото? и херојот на нашето време во перцепцијата на оние кои ќе го следат примерот на момчето од Белград. Да не се залажуваме. Ова е почеток. Сосема е лудо да се очекува медиумите да продолжат да пишуваат за оваа грозоморна тема на минимум, како што правеа Норвежаните кога минуваа низ истиот пекол. Ние не сме Норвежани. Триесет години по крвавата војна, ние сме во крвава војна, нашите „угледни лекари“ се вооружени до заби, како се вооружуваат „неугледните“, „обичните“ луѓе кои се исполнети со исто толку омраза? Утеха за родителите на убиените деца нема, ниту ќе има некогаш. Има ли надеж за нас кои уште не сме удрени од раката на Злото?