Кои се професиите што нема да ги замени вештачката интелигенција?

Во последно време стана актуелна темата за вештачката интелигенција и нејзината улога во замената на професиите, но експертите тврдат дека се уште постојат работи (професии) за кои таа не е способна.

Извештајот на Голдман Сакс од март оваа година, проценува дека вештачката интелигенција способна за генерирање содржини би можела да извршува четвртина од својата работа која моментално ја извршуваат луѓето. Ширум ЕУ и САД, се наведува во извештајот, 300 милиони работни места би можеле да бидат изгубени. Мартин Форд, автор на книгата „Rule of the Robots: How Artificial Intelligence Will Transform Everything“ (Улогата на роботите: Како вештачката интелигенција ќе смени сѐ).

„Не се работи за тоа дека тоа би им се случило на поединци, туку би можело да биде прилично системски. Би можело да им се случи со голем број луѓе, потенцијално сосема ненадејно, потенцијално на сите во исто време. А тоа има импликации не само за тие поединци, туку и за целата економија“, вели Форд.

Експертите тврдат дека сѐ уште постојат работи за кои вештачката интелигенција не е способна – задачи кои вклучуваат исклучително човечки квалитети, како емоционална интелигенција и размислувања „надвор од рамката“.

„Мислам дека воопштено постојат три категории кои во догледна иднина ќе бидат сигурни. Први би биле професиите кои се висниски креативни: всушност ако не работите шаблонска работа или само ги преуредувате работите, туку вистински осмислувате нови идеи и создавате нешто ново“, вели Форд. Тоа нужно не значи дека сите професии кои се сметаат за „креативни“ се сигурни.

Всушност, професиите како графички дизајн и улогите поврзани со визуелна уметност би можеле да бидат меѓу првите кои ќе исчезнат, но постои одредена сигурност во другите видови на креативноста. Како што вели Форд, „во науката, медицината, правото… луѓето чија работа е смислување нова правна или бизнис стратегија. Мислам дека таму и понатаму ќе има место за човечките битија“.

Втора изолирана категорија, додава тој, се професии кои бараат софистицирани меѓучовечки односи. Ги истакнува медицинските сестри, бизнис советниците и истражувачките новинари. Тоа се професии, „во кои ви е потребно длабоко разбирање на луѓето. Мислам дека ќе помине многу време пред вештачката интелигенција да има способност за интеракција на начини кои реално градат односи.“

Трета сигурна зона, тврди Форд, „се професии кои реално бараат многу мобилност и спретност, како и способност во решавање на проблеми во непредвидливи опкружувања.

Многу услужни дејности и мајстори – на пример електричари, водоинсталатери – спаѓаат во оваа категорија.

„Ова се видови професии во кои постојано се соочувате со нова ситуација. Веројатно најтешко е да се автоматизираат. За да ги автоматизирате ваквите работи, би ви требал робот од научна фантастика. Би требал да биде C-3PO од Војната на ѕвездите“, истакнува Форд.

ТРТ БАЛКАН