ВИДЕО! Погледнете ги нереалните сцени од Париз, ова е грд момент кој Лео Меси ќе сака што побрзо да го заборави

Лионел Меси го играше последниот натпревар за ПСЖ против Клермон во последното коло од францускиот шампионат. Со оглед на тоа што аргентинскиот ,,магионичар” нема да ја продолжи соработката со парискиот клуб со кој договорот му истекува на крајот на јуни, сигурно е дека ги одигра последните минути во францускиот клуб.

Односот меѓу навивачите и Меси е на особено ниско ниво во последните месеци, со оглед на тоа како играчот често добиваше свирежи. Такво сценарио се случи и пред вечерашниот натпревар.

Во пресрет на натпреварот, додека официјалниот спикер ги читаше домашните, од трибините почнаа гласни свирежи откако тој го прочита играчот со број 30 – Лионел Меси. Аргентинецот доби прилично грдо збогување во француската престолнина, а сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата во следната сезона.