КОКАИН ПРОНАЈДЕН ВО БЕЛАТА КУЌА !? Тајната служба на САД го евакуирала домот на Џо Бајден – се испитува како ‘белиот прав’ стигнал таму

Tајната служба на САД истражува сомнителна супстанца која била пронајдена во Белата куќа, по што била наредена евакуација на резиденцијата на американскиот претседател.

The Washington Post пишува дека евакуацијата била извршена во неделата навечер и била краткотрајна, а прелиминарните тестови на пронајдениот бел прав покажале дека се работи за кокаин.

Покрај официјален претставник запознаен со истрагата, весникот се повикува и на аудио-снимка од разговор со пожарникар од Вашингтон кој бил испратен во Белата куќа.

Ентони Гуглиелми, портпарол на американската тајна служба, изјави дека супстанцијата дополнително ќе се тестира за да се утврди што точно е, додека властите истовремено истражуваат како белиот прав дошол во Белата куќа.

Според Ентони Гуглиелми, противпожарната служба која била испратена да интервенира утврдила дека супстанцијата не претставува закана.

Тој наведува дека поради откривање на бел прав, покрената е безбедносна тревога и наредена е кратка евакуација, а американскиот претседател Џо Бајден во тој момент не бил во Белата куќа.

Ентони Гуглиелми одбил да открие каде точно во Белата куќа е пронајдена супстанцијата или во што е спакувана. Тој вели дека белиот прав го пронашол еден од агентите на Тајната служба при рутинска проверка на објектот.

The Washington Post објави дека пожарникар од Одделот за опасни материјали во Вашингтон, кој пристигнал на повик во Белата куќа, во неделата во 20 часот и 49 минути преку радио телефонирал дека ги добил резултатите од тестот.

Имаше жолта линија што покажуваше дека е кокаин хидрохлорид“, пријавил пожарникарот.

Се вели дека краткото видео е објавено на веб-страницата openmhz.com, која им овозможува на луѓето да слушаат во живо или да слушаат архивирани снимки од разговори на полицијата и пожарникарите за време на интервенциите.