Целата драма околу раскинувањето на Шакира и Пике е лага!? Скандалот на поранешната двојка не престанува да ја тресе јавноста: Новинарот откри cè (фото)

Во последниве денови, се шпекулира дека Шакира и Жерар Пике се во отворена врска пред бројните обвинувања за неверство да доведат до жестока поделба и последователен договор за старателство на нивните две деца.

Да потсетиме дека поранешната двојка стави крај на 11-годишната врска минатиот јуни, набргу откако 36-годишниот поранешен фудбалер на Барселона беше обвинет за изневерување на 46-годишната пејачка.

Пике, кој оттогаш започна нова врска со моделот Клара Чиа Марти, подоцна ги негираше тврдењата за афера, инсистирајќи дека „нема неверство од негова страна“.

Сепак, шпанскиот телевизиски водител Хозе Антонио Авилес тврди дека поранешната двојка била во отворена врска три години пред да раскинат.

– Ти прави што сакаш, а јас што сакам. Пред медиумите сè уште сме двојка – вака Авилес го опиша нивниот наводен договор, пишува Дејли Мејл.

Се верува дека тврдењата за отворена врска доаѓаат од блискиот круг на пријатели и семејството на Пике, а многумина се запрепастени од спомнувањето на неговата поранешна сопруга. Во меѓувреме, Шакира се пресели во Мајами откако и’ беше доделено целосно старателство над нивните две деца, синовите Милан и Саша, и оттогаш наводно е во врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон.

Во јуни минатата година, колумбиската пејачка на Инстаграм потврди дека повеќе не е со Пике, но за некои таа изјава не беше сосема неочекувана. Имено, шпанските таблоиди веќе тврдеа дека парот е на работ на раскинување, а различни извори тврдеа дека Пике ја изневерува ѕвездата.

– Жалиме што мораме да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – напиша тогаш Шакира.

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави дека живеел одвоено неколку недели откако поп-ѕвездата го избркала од семејниот дом.

Ниту една страна не се осврна на тврдењата за изневерување, но новинарот Емилио Перез откри дека Шакира ја донела одлуката за развод. Шакира подоцна за „Elle“ открила колку бил тежок животот бидејќи врската со фудбалерот и’ пропаѓала.

– Бев смирена и само се обидував да обработам сè. Тешко е да се зборува за тоа, особено што сè уште поминувам низ тоа, а бидејќи нашата разделба не е како сите други, ние сме јавни личности. Беше тешко не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко – заклучи колумбиската ѕвезда.

Минатиот јануари, по маратонската 12-часовна средба со адвокатите, поранешната двојка објави соопштение во кое се вели дека постигнале договор за старателството над нивните две деца. Се наведува дека Пике и’ дал дозвола на Шакира да се пресели во Мајами со нивните два сина за да избегне долготрајна правна битка.