Колку брзо Маск и Безос би банкротирале доколку трошат по милион долари секој ден?

Дали некогаш сте се запрашале колку навистина се богати Елон Маск и Џеф Безос?

Шефовите на Tesla и Amazon се меѓу најбогатите луѓе во светот, а веб-страницата Unilad Tech направи интересна анализа која најдобро ја покажува „длабочината на нивните паричници“.

Имајќи предвид дека Маск моментално вреди 183 милијарди долари, а Безос некаде околу 177 милијарди долари (според листата на милијардери на Форбс), еден начин да се види колку се богати е колку брзо би банкротирале ако потрошат милион секој ден.

Верувале или не – дури и да потрошат по милион долари секој ден, без исклучок, ќе им треба околу половина милениум.

Безос би можел вака да издржи неверојатни 485 години, додека Маск би издржал малку подолго – неверојатни 501 година.

За нештата да бидат уште поинтересни, реалноста е дека тие двајца веројатно врзале голем дел од своето богатство во инвестиции со солидни приноси, па сосема е можно да „издржат“ уште подолго, затоа што заработуваат се. времето.