КОЛКУ ПАРИ ТРОШИ РУСИЈА ЗА ВОЈНАТА !? Конечно откриено колкава цена плаќа Владимир Путин поради неговата т.н. ‘специјална воена операција’ во Украина!
Повеќе од една третина од рускиот буџет се троши за одбрана, додека трошоците за инвазијата на Украина продолжуваат да растат. Руски владин документ кој протече во јавноста открива дека Москва го удвоила буџетот за трошоци за одбрана, па сега, по зголемувањето на максималната возраст за воен рок од 27 на 30 години, буџетот е повеќе од 100 милијарди долари, пренесува Newsweek.
Еден руски економист изјавил за Newsweek дека трошоците на Москва се дури и повисоки од тоа. Деталите за трошоците по економски сектор повеќе не се објавуваат, но бројките објавени од медиумската агенција Reuters покажуваат дека трошоците за одбрана во првите шест месеци од 2023 година изнесуваат 5,59 трилиони рубљи (58 милијарди долари), или 37,3 отсто од вкупните трошоци за тој период.
Во првата половина од оваа година, Москва потроши 12 отсто повеќе пари за одбрана од вкупната сума што планираше да ја потроши во цела 2023 година. Reuters објави дека документот ги проценува годишните трошоци за одбрана на 101 милијарда долари, или третина од вкупните трошоци, што е најголем дел од воениот буџет на Русија во последната деценија.
Порастот на индустриското производство по војната помага за скромното закрепнување на Русија оваа година, но буџетскиот дефицит е околу 28 милијарди долари, делумно под влијание на падот на заработката од извозот. Со оглед на тоа што Москва троши повеќе пари за одбрана, дефицитот би можел да се зголеми, што ќе им наштети на другите сектори и приватните инвестиции.
„Руските воени трошоци вртоглаво растат и се повисоки од бројките што ги објави Reuters. Владата мора да троши огромни суми за да ја плати Армијата бидејќи има малку доброволци кои се подготвени бесплатно да се борат против Украина“, вели Борис Грозовски, руски економски експерт од тинк-тенк центарот Wilson.
Рускиот воен комплекс работи прекувремено за да ги задоволи потребите на војската за оружје и опрема, што е исто така главен фактор за економскиот раст. Друг двигател на економскиот раст се огромните плати што им ги исплаќаат државните и приватните армии на војниците. Овие средства воените семејства од регионите ги користат за отплата на долгови, купување автомобили, реновирање станови, купување мебел и слични трошоци.
Борис Грозовски очекува дека руската Влада ќе мора да ги зголеми даноците, па големите компании повеќе ќе се оданочуваат на нивната добивка, односно ќе треба да кофинансираат приватни воени единици за да ја намалат јавната потрошувачка.
Пред да се подигне законската возраст за регрутирање, сите работоспособни мажи на возраст меѓу 18 и 27 години мораа да отслужат една година воен рок. Рускиот парламент донесе закон според кој, почнувајќи од 1. октомври, мажите кои нема да се појават на воен рок мора да платат 315 долари.
Имаше масовен егзодус од Русија откако Владимир Путин најави делумна мобилизација во септември минатата година со цел да се зголеми силата за 300.000. Воведен е дигитален систем за регрутирање, кој овозможи да се испраќаат покани преку Интернет, што го отежнува избегнувањето на приклучувањето во Армијата. Новиот закон им забранува на регрутите да ја напуштат земјата по повикот.