Колку се посрамоти само! Се појави втор дел од комичното видео, Роналдо бесен: Ова не им се случува ниту на аматерите

Иако беа фаворити за пласман во полуфиналето на азиската АФЦ Лига на шампиони, Ал Наср беше исфрлен од Ал Аин.

Реваншот на овие две екипи во четврт-финалето го одбележа неверојатното промашување на Кристијано Роналдо кое ја обиколи планетата.

Португалецот, се посрамоти како никогаш досега во кариерата – на неполни пет метри од голот топката ја шутка покрај стативата.

Одеднаш, Роналдо се најде со можност да постигне еден од најлесните голови во кариерата, но тоа не му успеа.

На социјалните мрежи се појави уште еден агол од неуспехот, каде уште подобро е да се види што всушност успеа да направи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Навивачите практично почнаа да слават, но настана вистински шок кога видоа дека топката помина покрај голот.