Новото истражување покажа дека жените можат да го продолжат својот животен век доколку имаат почесто секс, благодарение на придобивките што тој ги има за здравјето на срцето.
Истражувањето објавено во Журналот за психосексуално здравје покажа дека жените на возраст од 20 до 59 години кои ретко имаат секс имаат 70 отсто поголем ризик од прерана смрт.
Истражувачите од Универзитетот Валден во Минесота заклучија дека жените можат да имаат корист од интимните односи повеќе од еднаш на секои седум дена.
„Сексуалната активност е важна за целокупното кардиоваскуларно здравје, најверојатно поради намалувањето на варијабилноста на отчукувањата на срцето и зголемувањето на протокот на крв“, напишаа меѓу другото.
Тимот исто така откри дека депресијата во комбинација со ниската фреквенција на односи, исто така, доведува до поголем ризик од прерана смрт.
Сепак, депресијата кај сексуално активните луѓе, особено кај жените, имала многу помалку штетни последици, изјавила за Дејли Мејл водечката авторка на студијата Сриканта Банерџи.