Истражувачите од Универзитетот Харвард истражувале колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје.
Во истражувањето учествувале 31.925 мажи. Утврдено е дека треба да ејакулираат најмалку 21 пат месечно. Резултатите беа објавени во стручното списание European Urology .
„Проценивме дали фреквенцијата на ејакулација во зрелоста е поврзана со ризикот од рак на простата во една голема студија во Соединетите Држави. Откривме дека мажите кои пријавиле поголема фреквенција на ејакулација во зрелоста имале помала веројатност последователно да бидат дијагностицирани со рак на простата.
Честата ејакулација има многу предности, а само некои од нив се: подобрување на квалитетот на спермата, зајакнување на имунолошкиот систем, ублажување на главоболката, намалување на ризикот од срцеви заболувања, подобрување на квалитетот на сонот и ослободување од стрес.
Во ретки случаи, може да се појави прекумерна ејакулација. Ако толку често размислувате за неа што не можете нормално да функционирате во секојдневниот живот, ова е предупредувачки знак.