Колумбија и Боливија бараат од ОН да го отстрани листот кока од листата на забранети супстанци

– Колумбија и Боливија заеднички ќе поднесат предлог до Комисијата за наркотични дроги на Обединетите нации за отстранување на листот кока од листата на забранети супстанции и прифаќање на традиционалната употреба на ова растение, соопшти денеска колумбиската Влада.

Предлогот што овие две земји ќе го поднесат на седницата на Комисијата во Виена во средината на март е обид да се дестигматизираат дискусиите за проблемот со дрогата, изјави колумбиската заменик-министерка за мултилатерални прашања, Лаура Гил, пренесоа британските медиуми.

„Боливија и Колумбија веруваат дека е дојдено време да се преиспита ова прашање. Сакаме да го отстраниме листот кока, нагласувам листот, а не кокаинот, од списокот на забранети материи“, рече таа, посочувајќи дека листовите кока се широко користени во земјите од Латинска Америка, особено меѓу домородните групи за лекување на стомачни болки и за ублажување на висинската болест, но и за време на традиционалните церемонијални обреди.