Бегајќи од полиција, комбе полно со мигранти пропаднало во канал во Велес. Настанот се случи доцна синоќа помеѓу велешкиот суд и хотел „Интернационал“.
Возилото, бегајќи од од полицијата, тргнало во спротивен правец, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во каналот. Возачот и совозачот се фатени и приведени а во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко кои биле во комбето.