Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) денес го усвои Нацрт-извештајот за Северна Македонија подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“.
Откако документот беше одобрен, Вајц изрази задоволство што за него гласаше широко политичко мнозинство.
„Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го усвоиме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да застане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме.“
„Северна Македонија припаѓа на ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме сегашниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување“, рече Вајц.
Извештајот сега ќе биде доставен до Европскиот парламент за гласање на следната пленарна седница.