Конгресот усвои мерка за привремено финансирање на владата на САД

Конгресот на САД донесе краткорочна финансиска мерка за да се избегне делумното затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше утре. 

Американските медиуми пренесуваат дека усвојувањето на мерката овозможи една група федерални агенции да функционираат до 8 март, а други до 22 март.

Усвојувањето на одлуката го поддржаа 77 членови на Сенатот, а 13 беа против. Претходно одлуката ја изгласа и Претставничкиот дом каде „за“ гласаа 207 демократи и 113 републиканци. 

Со ова, се донесе времена мерка со која за седум дена се продолжи рокот што истекува денеска на полноќ.

Следниот чекор потребен за законот да стапи на сила е потписот на претседателот Џо Бајден. Тој ноќешното гласање го нарече „добра вест за американскиот народ“, но додаде „сакам да бидам јасен: ова е краткорочно, а не долгорочно решение“. 

Се очекува Претставничкиот дом и Сенатот следната недела да разгледаат пакет од шест закони за потрошувачката и да му ги достават на претседателот пред 8 март. Рокот за договор за финансирање на другите владини агенции е поместен за 22 март.