Борис Бекер со таен договор ја купи слободата: Поранешниот тренер на Новак останува под надзор и има многу чудни забрани!

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер (56) е при крај на стечајната постапка во Англија.

Според германскиот весник „Билд“, Бекер склучил таен договор со стечајниот управник со цел да го заврши стечајниот процес и да се ослободи од своите долгови.

Бекер би требало да плати околу 450.000 евра за „слобода“, но таа слобода би била условена. До 2031 година тој би бил под строг финансиски надзор, кој вклучува забрана за директорување во Англија, земање кредити… Исто така, на Бекер му е забранет влез во одредени земји како Соединетите Американски Држави или Австралија.

Борис Бекер, Новак Ѓоковиќ

Шесткратниот грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ во јуни 2017 година поднесе барање за стечај во Англија поради долг од околу 60 милиони евра.

Конкретната причина била тоа што не успеал да врати долг од 3,5 милиони евра, кој го подигнал со хипотека на луксузен имот на Мајорка.

Еден дел од неговото богатство отишол на трошоците за развод од Барбара Бекер, плаќајќи за образованието на своите деца и модерен живот, додека другиот дел го потрошил на лоши деловни инвестиции.

Меѓутоа, судијката Дебора Тејлор го осуди на две и пол години затвор за проневера. Според обвинението, Бекер сокрил имот и заеми во вредност од околу три милиони евра за да избегне отплата на долгови.

Поротата го прогласи за виновен по четири точки од обвинението за кршење на Законот за несолвентност, додека тој беше ослободен по 20 точки од обвинението.