Конечно е потврдено кој е основачот на “фабриката за тролови” која спроведува кампањи за дезинформации на интернет

Според него, оваа „фабрика за тролови“ е основана за „да го заштити рускиот информативен простор од грубата и агресивна пропаганда на антируските тези на Западот“.

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во вторникот првпат призна дека е основач на „фабрика за тролови“ која била платена за разни пропагандни кампањи на Интернет.

Познат како личност блиска до Владимир Путин, на самиот почеток на конфликтот во Украина минатата година, Пригожин призна голем број факти кои му се припишуваат со години.

Најпрво, тој призна дека е основач на платеничката паравоена група „Вагнер“, која денес се бори на линијата на фронтот во Украина и дека се обидел да се меша во американските избори.

Во вторникот тој призна дека ја основал Агенцијата за истражување на Интернет со седиште во Санкт Петербург, која руските медиуми ја нарекоа „фабрика за тролови“. Нејзините вработени се обвинети за спроведување кампањи за дезинформација на интернет, сите во служба на Кремљ.

Не само што бев единствениот финансиер на Агенцијата за истражување на Интернет, туку и ја измислив, ја основав и управував со неа долго време, Пригожин, напиша на Телеграм каналот.

Според него, оваа „фабрика за тролови“ е основана за „да го заштити рускиот информативен простор од грубата и агресивна пропаганда на антируските тези на Западот“.

Агенцијата за истражување на Интернет беше обвинета дека водела кампањи преку лажни сметки на социјалните мрежи и портали чија цел беше да се шират информации во корист на политиката на Кремљ, да се критикуваат руските противници, да се оцрни француското присуство во Африка или дури да се поттикне раздор во врска со Брегзит и изборите во САД.

Во 2018 година, Вашингтон санкционираше неколку лица за кои се верува дека се членови на Агенцијата за истражување на Интернет.