КОНЕЧНО ИЗВЛЕЧЕНИ: Работниците кои 17 дена беа заробени во тунелот открија како го поминувале времето (ВИДЕО/ФОТО)

Целата нација здивна откако работниците почнаа да се извлекуваат еден по еден низ цевка широка 90 сантиметри

Работниците, од кои 41, кои по 17 дена беа спасени од урнатиот тунел во Индија, успешно закрепнуваат во болница.

Камерите ги уловија како лежат на креветите, јадат, разговараат, а изгледа се расположени. Некои пиеја чај и се фотографираа додека други ги миеја забите.

Нивното искушение започна на 12 ноември кога останаа заробени во тунел во изградба во државата Утараханд. Преку специјална цевка им се доставувале храна, вода, лекови и други потреби.

Тие беа спасени во вторникот по голема и сложена операција . 

Целата нација здивна откако работниците почнаа да се извлекуваат еден по еден низ цевка широка 90 сантиметри.

Кога конечно се ослободија, се насмевнаа и им мавнаа на толпата.

Чаудари Лал го прегрна својот син Манџит.

– Веќе изгубив еден син во несреќа на градилиштето. Не би поднел уште една ваква загуба – рече тој.

Во меѓувреме, мажите им кажаа на медиумите што доживеале.

Сатја Дев рече дека е клаустрофобично во тунелот.

Чамра Ораон истакна дека имало моменти кога го обземало немир и често се прашувал дали ќе успеат да се ослободат.

– Но, не изгубив надеж – рече тој. Тој додаде дека играл игри на својот телефон кога му ги доставиле полначите.

– Не можевме да повикаме никого бидејќи немаше мрежа, па разговаравме меѓу себе, па подобро се запознавме – рече тој.

Работник кој разговараше со премиерот Нарендра Моди по телефон рече дека се мотивирале меѓусебно да останат позитивни и ручале заедно.

 

– Шетавме внатре во тунелот и вежбавме јога за да останеме активни – рече тој.

Најпрвин ги гледале телефоните само за да добијат претстава за текот на времето, но штом ги добиле полначите можеле почесто да ги користат.