Константинов: Експлозијата на мостот Керч е „акт на тероризам“

– Ноќешната ескплозија  на мостот Керч, што ги спојува полуостровот Крим и Краснодарската област, локалните руски власти ја оценија „акт на тероризам“, јави ДПА.

Инцидентот, што локалната администрација претходно го опиша како „вонредна состојба“, предизвика запирање на сообраќајот на овој многу фрекфентен мост.

Украинската тајна служба – СБУ во денешниот коментар по експлозијата на мостот што го пврзува полуостровот Црно Море со остатокот од Русија, напиша „Уште еднаш мостот отиде ’на спиење’ . 

СБУ, ианку, ја призна вмешаноста во претходниот напад на мостот минатата есен.

Владимир Константинов, претседател на парламентот на Крим, полуостров што беше анектиран од Русија во 2014 година, за денешниот напад на мостот ја обвини Украина.

„Вечерва терористичкиот режим на Киев изврши ново злосторство и го нападна мостот на Крим“, напиша тој на својот канал Телеграм, пренесе ДПА.