Тренерот на Наполи, Антонио Конте објасни што очекува од претстојната сезона 2024/25.
Тој истакна дека тимот е подготвен да ја поправи ситуацијата во која се најде минатата сезона.
-Во сезоната 2023/24 Наполи влезе како актуелен шампион во Серија А, а на крајот разликата од Интер беше 41 бод, а од зоната на Лигата на шампионите – 15 бода. Ова се само факти. Сè уште не знаеме како ќе ни оди трансфер периодот. Подготвен сум да го поднесам овој предизвик, изјави Конте за „Фудбал Италија“.
Клубот го ангажира трофејниот италијански стручњак на 5 јуни. Договорот е за три сезони.
Новата сезона во Серија А започнува на 18 август, а завршува на 25 мај.