КОНТРОВЕРЗНИОТ МИЛИОНЕР И НЕГОВАТА згодна свршеница УЖИВААТ ЗА СИТЕ ПАРИ! Таа позираше на друг во костим за капење додека тој ја живее ВТОРАТА МЛАДОСТ

Лорен Санчез и Џеф Безос одат од една на друга егзотична дестинација. Тие неодамна пристигнаа во Портофино, Италија. Со хеликоптер се спуштија на неговата јахта вредна стотици милиони долари. Потоа беше снимена серија фотографии. Тие слики го евоцираат нивниот живот на висока страна, а милијардерот има ново хоби, фотографирање на својата свршеница, што за приватна архива, што за социјалните мрежи го претпоставуваме.

Свршеницата на Џеф Безос Лорен Санчез пристигна на јахтата во долг црн фустан и огромни сандали на платформа. Папараците воопшто не и пречеа, напротив. Таа ги поздрави со насмевка, а потоа започна „фотосесијата“. Улогата на фотограф ја имаше милијардерот, додека таа позираше во танга костим за капење .

Лорен Санчез

Неодамна свршениот пар кој го следат бројни критики и полемики, пред се поради фактот што неговиот 25-годишен брак со Мекензи Скот, со која има четири деца, раскина поради нивната врска, доживува втора младост. .

Се зборува дека Безос го фатила средовечна криза, дека освен Лорен, го променил и начинот на облекување, но и се подмладил со третмани со ботокс .

Џеф Безос и Лорен Санчез се познати по тоа што егзотичните дестинации им се приоритет и патуваат каде сакаат.

Џеф Безос и Лорен Санчез се верија пред еден месец. Милијардерот и го постави прашањето на својата партнерка на јахта вредна 500 милиони долари. Познатиот пар кој претходно крстареше низ Шпанија, пристигна пред свршувачката во Кан во времето кога се одржуваше филмскиот фестивал. Свршувачката била крунисана со предбрачен договор со кој си го обезбедил богатството.

Од каде да започнете кога станува збор за нивната врска? Од експлицитните пораки што ги разменија, а кои ги објави „Нешнал енкваерер“? Можеби ќе тргнете од фактот дека Лорен Санчез се уште беше во брак кога започна врска со оженетиот Џеф Безос, кој набрзо реши да стави крај на својот 25-годишен брак токму поради нова романса?

Бурната врска која јавноста ја следи од 2019 година е богата со „зачинети детали“. Безос не жалеше кога врската со Лорен Санчез го остави без 38 милијарди долари што го чинеше разводот со поранешната сопруга Мекензи Скот. Не знаеме како реагираше на исмевањето со неговите секстинг вештини откако на Твитер беа објавени интимните пораки кои и ги праќаше на поранешна американска ТВ водителка. „Те сакам живо девојче“, „Сакам да те помирисам. Сакам да те вдишам и тоа многу брзо ќе ти го покажам со моето тело, усни и очи“, гласеше дел од пораките, кои ги насмеаа твитерџиите.

Лорен Санчез

Но, оваа приказна е далеку од смешна. Како што објавија федералните обвинители од Менхетен во 2020 година, контроверзните пораки му биле продадени на „National Enquirer“ од братот на партнерот на Безос, Мајкл Санчез, откако неговата сестра Лорен му ги препратила.

Новинарите од „Вол стрит журнал“, кои пишуваа за ова, тврдеа дека виделе докази за уплата од 200.000 долари на сметката на Мајкл, со „National Enquirer“ како исплатувач. Во целата приказна е вклучена и фотографија од Џеф Безос, селфи на американскиот милијардер без облека, кое стана предмет на правен спор меѓу зетот и деверот.

За потсетување, братот Лорен Санчез го тужеше Безос за клевета, алудирајќи дека поранешниот сопственик на „Амазон“ и неговиот безбедносен тим лажно го обвиниле во 2019 година, тврдејќи дека на новинарите им дал компромитирачка слика. Пресудата беше во корист на Џеф Безос, кој бараше Мајкл Санчез да плати 1,7 милијарди долари за судски трошоци.

Судења колку сакате… А врската на Лорен Санчез и Џеф Безос од самиот почеток е изложена на судот на јавноста. За многумина беше спорно дека таа се впушти во нова романса додека беше официјално во брак со познатиот агент Патрик Вајтсел, кој, патем, беше пријател на милијардерот.

„Се збогати и ја остави сопругата со која правеше милијарди“, му замериле на Безос, кој очигледно не обрнал многу внимание на ваквите критики. „Се гледаа зад грбот на нејзиниот сопруг“, беше уште еден натпис што ја следеше славната двојка. Интересот за Лорен и Безос не стивнува, а во ноември минатата година тие беа актери на вирално видео, заедно со актерот Леонардо ди Каприо, на кого таа „фрлила око“.