Контроверзно шоу на улиците во Шпанија: Деца шетаа по долна облека и штикли, а ужасот не завршува тука (видео)

Речиси голи деца учествуваа на фестивал во Шпанија и со својот настап ја шокираа светската јавност.

Карневалот во Торевиеја, Шпанија траеше повеќе од две недели, а својата последна кулминација ја достигна на 10 февруари, кога групата Осадија ги претстави своите костими. За модели земаа деца, кои ги облекуваа во долна облека и високи потпетици, подвезици и штитници за брадавиците.

Организаторот наиде на многу критики на интернет поради видеата на кои се гледаат деца облечени во несоодветна облека како парадираат низ улиците.

Тинејџерите кои беа дел од прославата во рацете носеа знамиња на ЛГБТ кои цело време ги вееја за време на настапот.

Шпанската писателка Лусија Екстебариа порача дека ваквата манифестација треба да се забрани и дека на малолетниците родителите не треба да им дозволуваат да носат БДСМ облека. Исто така, чести беа коментарите дека станува збор за „хиперсексуализација на малолетници“.

И покрај лавината лоши коментари и критики, градоначалникот на градот Едуардо Долон им даде целосна поддршка на уметниците, но и на организаторот на настанот.

„Сите наградувани трупи и учесници добиваат признание за големата работа направена за нашиот карневал да блесне и да се позиционира како национален репер“, рече градоначалникот.

Уличната парада во Торевиеја е моделирана по традиционалните бразилски настани, како што е меѓународно признатиот карневал во Рио де Жанеиро.

Инаку, групата Осадија го освои високото четврто место во категоријата костими на годинешниот карневал.