Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба
Во Скопје денеска ќе биде одржана 26. Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).
Конференцијата ќе ја отворат началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Кристофер Каволи, а обраќање до учесниците на конференцијата ќе имаат и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
На конференцијата, покрај генерал Каволи, ќе учествуваат и наќланиците на ГШ на вооружените сили на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Црна Гора, како и високи воени раководители од Здружената команда на НАТО од Неапол и од Kомандата на САД за Европа.
Како набљудувачи на конференцијата поканети се и воени претставници од ГШ на ВС на Словенија, ГШ на Војската на Србија и Косовските безбедносни сили, а како гости на конференцијата се командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5 и тоа: Вермонт, Минесота, Ајова, Мериленд, Охајо, Колорадо, Њу Џерси и Мејн.