КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК СЕ ШИРИ – Израел го бомбардира Либан !?

Израелските одбранбени сили објавија дека извршуваат напади на либанска територија.

Првичен извештај – хеликоптери на ИДФ во моментов ја напаѓаат територијата на Либан“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Телеграм.

Ова доаѓа по бројните извештаи за судири на границата со Либан, при што Армијата на Израел (ИДФ) тврди дека убила голем број инфилтратори.

Либанската група Хезболах, која е поддржана од Иран, соопшти дека не се обидела да изврши упад на територијата на Израел.

Да потсетиме, Хамас во саботата изврши напад на југот на Израел во кој беа убиени стотици израелски цивили и војници, а најмалку една воена база беше заробена.

Потоа следеше одговорот на израелската Армија, при што во воздушни напади беа убиени стотици Палестинци.

Израел тогаш прогласи воена состојба, за прв пат од 1973 година.

Ќе го промениме ликот на Блискиот Исток, тоа што ќе го доживее Хамас ќе биде катастрофално“, изјави денес премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.