НАМЕСТО ПРОСЛАВА – МАСАКАР! Пијан младоженец си ја убил невестата, тештата и снаата на сопствената свадба, а потоа сам си пресудил

Најдобриот ден од животот им се претворил во пекол откако пијан младоженец убил пет луѓе и сам си пресудил во тајландската област Ванг Нам Киео во саботата попладне.

Поранешен војник и параолимписки спортист Чатуронг Суксук (29 г.) се скарал со својата нова сопруга Канчан Пачунтхуек (44 г.) на сопствената свадба во областа Ванг Нам Киео во Тајланд. Тој отишол до автомобилот и се вратил со пиштол, дознава Daily Mail. Ја убил прво сопругата, потоа нејзината мајка Кингтонг Клајорхо (62 г.), снаата Корника Манатор, а залутани куршуми погодиле уште две лица, од кои едното починало во болница. Чатуронг Суксук на крајот си пресуди сам.

Набргу по церемонијата, гостите забележале дека Чатуронг Суксук изгледал незадоволно. Полициските службеници потврдиле дека тој бил под дејство на алкохол, а мотивот за нападот се уште се утврдува.

Чатуронг Суксук легално го набавил оружјето минатата година. Тој е поранешен војник кој ја загубил ногата во несреќа на должност. Потоа, тој им се придружил на параолимписките спортисти и освоил сребрен медал во пливање на 11. Азиски параолимписки игри во 2022 година.

Трагедијата доаѓа само неколку дена откако министерот за внатрешни работи на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, ја забрани продажбата на оружје на една година за да се намали стапката на криминал.