Координативна средба меѓу ЈО и МВР: Интензивирање на соработката и забрзување на постапувањето во предметите
Интензивирање на соработката и забрзување на постапувањето во предметите, беше целта на денешната координативна средба меѓу Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и претставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, информираат од ЈО.
– На оперативно ниво, беа разгледани повеќе начини и процедури за подобрување на меѓусебната координација со цел зголемување на ефикасноста на кривичниот прогон, а беа разгледани и конкретни предмети во надлежност на обвинителствата во Скопје, Прилеп и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, известуваат од ЈО.
Оттаму, посочуваат дека на средбата, на која присуствувале јавни обвинители од неколку јавни обвинителства и шефови на повеќе оддели во МВР, посебен акцент бил ставен на јакнење на капацитетите за спроведување на финансиските истраги и за форензички и дигитални вештачења.