КОРИСЕН СОВЕТ – Поради оваа грешка плаќате повеќе кога полните гориво! Повеќето возачи го прават ова на бензинските, а експерт открива што треба да направите
Полнењето гориво изгледа како едноставен процес но дали навистина е тоа така ? Сепак, како и кај повеќето работи, постојат одредени тактики. Во време кога цените „летаат“ до небо, важно ни е да го заштедиме секој денар, вклучително и при полнењето на резервоарот на нашите автомобили.
Дали сте од оние луѓе кои додека точат гориво го чуваат „пиштолот“ до самиот крај за да ја испразните последната капка и со тоа да заштедите пари ? Ако го правите тоа, многу е можно да не сте во право.
По една објава на социјалните мрежи која предизвика бурни реакции, луѓето сфатија дека до сега „живееле“ во лага.
Имено, анонимен маж на социјалната мрежа Reddit тврди дека чувањето на „пиштолот“ за точење на нафта во резервоарот до последен момент е бесмислено.
„Да го држите цревото до крај за да ја добиете секоја капка е залудно“, напишал човекот во својата објава.
Овој мит дополнително го разоткрива експертот за гориво и потрошувачка Дејвид Џејмс, кој тврди дека обидот да ги исцедите последните капки гориво од цревото за бензин често ќе ве чини повеќе пари.
„Пумпите се способни да детектираат воздушен притисок и ќе застанат кога ќе почувствуваат дека резервоарот е полн и сè што е над тоа е штетно“, додаде тој.
„Секоја капка гориво после таа точка најверојатно ќе заврши на земја, така што тие неколку дополнителни кликања од цревото ќе ве чинат дополнително“, објаснува тој.
Потоа советуваше да го наполните автомобилот прво во поладните денови или во раните часови, за да добиете повеќе гориво.
„Горивото се шири на потопло време, па помалку ќе се вклопи во вашиот резервоар“, објаснува тој, додавајќи дека никогаш не треба да го оставите резервоарот да работи празен бидејќи ако „исуши“, веројатно ќе предизвика повисоки и дополнителни трошоци поради дефект на моторот.