Најновата верзија на апликацијата WhatsApp за уреди со Android и iOS сега ја поддржува опцијата за криење на IP адресата на корисникот.
Новата функција ќе ја сокрие IP адресата на корисникот од трети страни при повици преку серверите на WhatsApp, како и нивната моментална локација.
WhatsApp додава и нова функција за приватност која им овозможува на корисниците да блокираат повици од непознати броеви. Оваа функција ќе блокира уште пософистицирани сајбер напади врз податоците на корисниците.
За да ја активирате новата функција заштита на IP адресата во повиците, потребно е да изберете Settings, Privacy, Advanced и на крајот Protect IP адреса во повици.
Треба да се напомене дека процесот на пренесување повици преку серверите на WhatsApp ќе го намали квалитетот на повикот.