КОРИСТЕЛ ТУЃ БРИЧ, И РЕЧИСИ ЈА ИЗГУБИЛ ГЛАВАТА: ДОБИЛ СТРАШНИ ЧИРОВИ НА ЛИЦЕТО

Сте слушнале за осип при бричење , но сигурно не сте слушнале дека тоа може да ве чини здравје . Одржувањето на хигиената на бричот е многу важно, како и местото каде што го чувате, а што е најважно – не смеете да го споделувате со никого .

Еден корисник на социјалната мрежа „ТикТок“ во април сподели серија вирални видеа во кои раскажува како за малку ќе умрел поради инфекција предизвикана од бактерии .

„ Ги имам овие длабоки пустули и рани на брадата и по должината на вилицата “, рече 24-годишниот Ник Холтерман за инфекцијата, која започна безопасно по бричењето со бричот на неговиот цимер.

Неколку дена подоцна, тој добил инфекција на горниот респираторен тракт, додека на брадата му избиле испакнатини кои личеле на каснување од пајак.

@holterman #stitch with @melroseplaza ♬ original sound – Holty

Холтерман веднаш се упатил кај својот општ лекар, кој му препишал антибиотици. За жал, лекот немал ефект, а состојбата на момчето продолжила да се влошува.

Кога раните пораснале, тој се вратил кај лекарот, кој го тестирал за сè, од ковид-19 до стрептокок. Резултатите се вратија негативни, по што му беше дијагностицирана импетиго, многу заразна инфекција на кожата предизвикана или од стафилокока отпорна на антибиотици или од стрептокока отпорна на антибиотици.

Ник

Иако генерално не е опасно, импетигото може да предизвика оштетување на бубрезите, па дури и потенцијално опасен по живот целулитис ако не се лекува. Подоцна на Холтерман му беше препишана комбинација од два антибиотици, кои ја исчистија инфекцијата – и покрај тоа што терапијата му предизвика мачнина.

Откако ги преживеа стомачните проблеми од терапијата, објави видео во кое ги повикува другите да не ја прават истата грешка.

– Само сакам да ги потсетам сите да не ги делат своите жилети или да користат случајни жилети на луѓе. Може да добиете бактерија отпорна на антибиотици која јаде месо, која е исклучително болна и предизвикува постојано истекување на гној – предупреди Холтерман во видеото кое моментално има речиси 10 милиони прегледи на „ТикТок“, пренесува „Пост“.