Направи нешто нечуено: почина познатиот голман кој ги одби и Партизан и Звезда, но не само тоа…

Целата кариера ја помина во само еден клуб, што е за пофалба.

На 67-годишна возраст почина познатиот црногорски голман Перо Гиљен. 

Тој порасна во Сутјеска и целата своја кариера ја мина во овој клуб, поради што е многу ценет. Во кариерата имаше понуди од „големата четворка“ (Партизан, Црвена звезда, Хајдук Сплит, Динамо Загреб), но никогаш не сакаше да го напушти својот тим.

Имаше понуди и од странство, особено Порто, но одговорот секогаш беше „не“.

Гиљен работеше и како тренер во Сутјеска, а подоцна по неговите стапки тргна неговиот син Владан, кој сега е капитен на Никшиќ.

Легендарниот голман ќе биде погребан во понеделник на 25 декември во 14 часот. Местото на погреб е Кочани кај Никшиќ.