Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија (ПДС) го гаѓаа со торта и милкшејк Бесник Бислими, вицепремиер на Косово.
Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија (ПДС) го гаѓаа со торта и милкшејк Бесник Бислими, вицепремиер на Косово.
Претседателот на ПДС, Дардан Моликај, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледаат активисти пред влез на зграда како фрлаат милкшејк кон Бислими и велат „ѝ честитаме на заедницата“.
„Торта и милкшејк за ‘заедницата’. Се радуваат оние што го прифатија тоа! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, напиша Моликај покрај видеото.
Тој додаде дека затоа ПДС повикува на протест во сабота на 25 март.
Дардан Моликај е поранешен сопартиец на премиерот Албин Курти. Тој го напушти Движењето „Самоопределување“ заедно со уште 11 пратеници од таа партија додека беа во опозиција.