Во ситуација кога Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ се соочуваат со нови притисоци во врска со Косово и Метохија, отворената поддршка за Драган Ѓилас и неговите истомисленици собрани на списокот „Србија против насилството“ доаѓа од Приштина и тоа непосредно пред изборите на 17 декември.
Поранешниот шеф на косовската дипломатија Петрит Селими директно беше вклучен во предизборната кампања во Србија.
– Клучот на Вучиќ за изборната победа во Србија: заробени медиуми. „Одамна стана како досаден гостин на забави кој упорно им досадува на сите со приказни за себе…” – Одлична приказна за балканскиот насилник Вучиќ – напиша Селими на својот профил на социјалната мрежа Х.