САД со дополнителна воена помош од 200 милиони долари за Украина

– Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека ќе испратат до Украина дополнителен пакет воена помош во вредност од 200 милиони долари, главно составен од воздушна одбрана и артилериска муниција, за „критичните“ безбедносни и одбранбени потреби на Украина.

Американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека дополнителниот пакет воена помош, кој ќе ѝ помогне на „Украина да ја одбрани својата територија“, вклучува противвоздушна одбрана, артилериска муниција, противтенковско оружје и друга опрема во вредност од 200 милиони долари.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин исто така истакна дека САД се решени да ја поддржат Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека ќе продолжат да ѝ даваат целосна поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.

Напоменувајќи дека ќе продолжат со најсилната поддршка што ѝ ја дале на Украина досега, Бајден нагласи дека и демократите и републиканците досега ја поддржувале Украина и дека е неопходно тоа да продолжи.

Од друга страна, Зеленски наведе и дека поддршката на САД во војната во Украина им е многу важна и оти руските чекори кои дополнително ја продолжуваат војната му штетат на регионот.